Денеска на подрачјето на Бутуровиќ Поље се случи несреќа во која се урнал хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, потврдија од Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон, пренесува „Аваз“.
Според информациите од Људевит Мариќ, портпаролот на МВР на ХНК, хеликоптерот паднал во Јабланичкото езеро, но сите четворица членови на екипажот биле спасени. „Еден член на екипажот е повреден според првичните информации и е испратен во најблиската болница“, изјави Мариќ.
Повеќе информации за несреќата ќе бидат објавени подоцна.