За Никол Кидман, парите не се пресудни да ја прифати улогата.
Никол Кидман во новото интервју за L’Officiel откри дека парите не ѝ се најважни кога глуми во големи холивудски продукции, пишува „Вараети“.
Бидејќи оскаровката честопати е пофалена за својата работа во драми, многу фанови се прашуваат зошто таа се согласува на блокбастери како „Аквамен“ и „Бетмен“.
Сите ме прашуваат: „Зошто го правиш ова?
Нејзиниот одговор беше: „Затоа што можам да го бакнам Бетмен“. Она што луѓето не го разбираат е дека не се работи за парите, се надевам дека многу од мејнстрим-блокбастерите во кои глумам се разликуваат.
Истите прашања ја дочекаа и кога ја прифати улогата на кралицата Атлана во „Аквамен“ и неговото продолжение.
Актерката не ги читала стриповите на „Аквамен“, но затоа е голем обожавател на режисерот Џејмс Ван и неговите хорор-филмови. Кога ѝ се јавил Ван, била воодушевена бидејќи мислела дека ќе глуми во неговиот хорор-филм, но потоа дознала дека се работи за филм за суперхерои, пренесува „Индекс.хр“.
„Навистина сакав да работам со него на хорор-филм“, изјави Кидман.
Покрај филмови, Кидман во последните години почна да работи и на телевизиски серии. Таа доби „Еми“ за својата работа во серијата Big Little Lies, а се појави и во сериите Undoing, Expat и Nine Perfect Strangers.
Набргу ќе ја видиме во минисеријата „Совршениот пар“, која на 5 септември доаѓа на „Нетфликс“.