Косовската полиција покрена истрага за смртта на двегодишно бебе во Подуево.
Според полицијата, нејзиното семејство без знаци на живот ја однело во Ургентниот центар.
„Со одлука на обвинителството телото е испратено на обдукција. Случајот е во истрага“, се наведува во соопштението.
Трагедијата се случила во селото Пенух.
Според семејството, таа се истркалала од лулката додека спиела.