Педесет и едногодишен жител на Штип е приведен по пријава за семејно насилство од страна на неговата сопруга, соопшти МВР.
На 28 август во 23.40 часот во Штип, полициски службеници при СВР Штип го лишиле од слобода Л.В. (51) од Штип, а по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга, дека околу 23.35 часот во семејниот дом физички ја нападнал, наведуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.