Врвен украински пилот загина кога во понеделникот се урна борбен авион „Ф-16“ од американско производство, само неколку недели откако долгоочекуваните авиони пристигнаа во земјата, изјави за Си-Ен-Ен извор од украинската војска.
Украинските одбранбени сили не веруваат дека зад инцидентот стои грешка на пилотот, додаде изворот.
Пилотот Олексиј Мес, познат како „Месечева риба“, загина во несреќата додека го „одбиваше најголемиот воздушен напад досега“ на Русија против Украина, рече изворот, додавајќи дека пилотот бил погребан во четвртокот.
Несреќата се истражува и меѓународни експерти ќе бидат поканети да учествуваат во истрагата, додаде изворот.
Смртта на пилотот е голем удар за Украина. Првите „Ф-16“ пристигнаа во земјата на почетокот на овој месец, а „Месечева риба“беше еден од ретките пилоти обучени да управуваат со нив.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во вторникот дека украинските воздухопловни сили го користеле „Ф-16“ за уништување ракети и беспилотни летала лансирани од Русија во понеделникот, што е прв пат некој украински официјален претставник да потврди дека авионите биле користени во борба.
Киев чекаше долго време за да ги добие „Ф-16“, а Зеленски од почетокот на целосната инвазија бараше борбени авиони од западните сојузници.