Здравствениот систем во државава долги години наназад е клекнат на колена. Лекари и медицински сестри се помалку, термини за снимање се поретко… граѓаните револтирани чекаат и по три месеци за термин, а се почести се и пријавите од граѓаните за лекарска грешка или негрижа на пациентите.
24Инфо и овој пат од прва рака сакаше да ги слушне проблeмите на граѓаните, па направивме анкета во која ги запрашавме колку се тие задоволни од македонскиот здравствен систем.
Повеќето граѓани се жалат на долгото чекање за преглед или снимање кое велат знае да трае и по два до три месеци, а знаат и да бидат вратени со приоритетен упат, бидејќи морале да имаат закажано преку Мој термин, додека термин нема…тоа е еден круг кој никогаш не се затвора, додека пациентите молат за помош и умираат чекајки.
“За снимање поготово на Клиника се чека по два-три месеци, а ако имаш да платиш на приватно за 15 минути завршуваш”, вели еден револтиран граѓанин.
“Доктор доаѓа во 9 часот, па уште и касни… во која држава доктор доаѓа на работа во 9 часот”, запраша истиот граѓанин.
Наидовме и на граѓани кои се задоволни од здравствениот систем кои ни рекоа каков е – таков е, наш си е, друг немаме, мораме да бидеме задоволни. Има и такви кои со промената на министерот се надеваат на подобро, затоа што, како што велат сега имаме човек кој го знае системот од внатре, па се надеваат на конечно решавање на проблемите, додека пак други велат на постари години мораат да ги бранат докторите, затоа што ако не се тие не знаат што ќе прават….
Целата анкета погледнете ја во продолжение: