Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на циклонска активност која е со центар источно и југоисточно од нас, продолжува периодот на многу нестабилно време во Македонија. Во ваква ситуација, до сабота, особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси (во форма на невреме), проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со услови за појава на град. Апелираме, во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
И во Скопскиот регион, до сабота особено во попладневните и во вечерните часови ќе има појава на повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, наутро ќе биде прилично свежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, додека во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 16 и 17 степени, преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 33 степени.
На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме “НОТАС”, и истата е од голема корст за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/