Во забавниот парк во Кахраманмарас, на југоистокот на Турција, поради технички дефект на атракцијата „камикази“, 23 лица виселе наопаку околу еден час.
Противпожарните бригади се испратени на терен и со помош на скали ги извлекле луѓето кои виселе во воздух.
Пет лица се пренесени во болница поради напад на паника, јавува ТРТ Хабер.
За инцидентот е започната истрага.