Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје 43-годишната С.А. од Скопје пријавила дека на 26.08.2024 на крстосница на булеварот „Кочо Рацин“ со булеварот „Кирил и Методиј“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале таа, управувајќи електричен тротинет, и велосипед управуван од лице кое го напуштило местото на настанот, извести МВР.
С.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.