Тригодишно момче е пронајдено како сосема само шета во парк во Тиват, облечено само во пелени. Службениците на одделението за обезбедување Тиват, заедно со нивните колеги од Комуналната полиција, го пронашле момчето во паркот, изјави за порталот РТЦГ, началникот на полициската управа Тиват, Миодраг Кнежевиќ.
Кнежевиќ рече дека се претпоставува дека момчето тукушто излегло од станот, бидејќи не носело гардероба, туку само пелена.
Тој рече дека малото момче зборува руски, и дека најверојатно го искористило невниманието на неговите родители.
„Тоа не е киднапирање или нешто слично, ние сме имале вакви случаи, ретко, но имало такви“, рече тој.
Детето моментално е во Центарот за социјална работа, а Кнежевиќ верува дека родителите брзо ќе бидат идентификувани, пренесуваат медиумите во регионот.