Заменик директорот на американската Централно разузнавачка агенција (ЦИА), Дејвид Коен денеска изјави дека осомничените за планирање на напад пред концертот на американската поп ѕвезда Тејлор Свифт, на почетокот од месецот, планирале да убијат „десетици илјади“ луѓе.
Австриските власти откажаа три најавени концерти на Свифт и спречија напад врз основа на разузнавачки информации доставени од ЦИА, по што следеа апсења на лица наводно поврзани со Исламска држава.
– Тие планираа да убијат огромен број, десетици илјади, на овој концерт, вклучително и многу Американци, и нивниот план одеше добро. Австријците успеаја да апсат затоа што беа информирани од Агенцијата (ЦИА) и нашите партнери во разузнавачката заедница за тоа што планира да направи оваа група поврзана со ИД, наведе Коен на самитот за разузнавање и национална безбедност во Мериленд.
Австриските власти како главен осомничен го идентификуваа 19-годишен Австриец, кој бил инспириран од идеологијата на ИД, а планирал да ги нападне посетителите со ножеви и импровизирани експлозивни направи пред стадионот пред концертот.
На стадионот требаше да присуствуваат 65.000 љубители, а пред него се очекуваа повеќе од 30.000 луѓе