Познатиот водител и шоумен Зоки Фаци од почетокот на неделава со помош на граѓаните кои донираа за него, отиде во Туција каде треба да му биде направена операција и да му биде отстранет тумотор во мозокот, сепак како што информира неговиот пријател Стефан Лазаров ситуацијата била полоша од очекуваната.
По направените анализи добиени се информации дека за жал канцерот метастсзирал и на коските, а оној во мозокот е поголем од очекуваните 30 сантиметри, па потребна му е дополнителна помош.
Целата објава на Лазаров во продолжение:
“Сакам јавно да се заблагодарам на ECrowd.mk и Nenad Lazarov за несебичната помош и брзата реакција во случајот со Зоки за да ни помогнат.
Исто така професионално ја исплатија сумата која беше собрана веднаш, а истата е од огромна помош благодарение на вас!
За жал ситуацијата со Зоки е влошена и овие 3-4 дена се потрошија и повеќе пари во Турција од тоа што очекувавме. Операцијата сеуште не е направена бидејќи новите резултати покажуваат дека туморот е поголем од 30cm и метастазирал на коски… Но, докторите велат дека ќе се спаси и Зочко мора да биде силен… Да се молиме за него и да го поддржиме во најтешките моменти🙏”, напиша тој на социјалните мрежи.