Шестгодишно момче утрово загина во пожар што избувна во семејната куќа, а неговите мајка и тетка се исчезнати.
Детето било пронајдено мртво во креветот.
„Воените пожарникари од Валча беа замолени да изгаснат пожар што избувна во семејна куќа. Според лицето што го пријавило пожарот, можно е во куќата да имало уште две лица. На местото на инцидентот веднаш испратиле сили од Противпожарната единица, со четири возила за гаснење, како и амбулантно возило.
Кога пристигнале пожарникарите, веќе било доцна бидејќи пожарот ја зафатил целата куќа.
Подоцна, војската соопшти дека во спалната соба од куќата откриле јагленисана жртва, дете од само 6 години.
Според првичните информации, малото момче било имобилизирано од непозната причина, јавуваат романските медиуми.
Лицето што се јавило на 112 ги известило надлежните дека е можно во куќата во моментот на пожарот да има уште две лица – мајката и тетката на детето.
Пожарникарите, кои веќе го изгаснале пожарот, сега трагаат по двете жени.