Ако носите одлука да престанете да пиете кафе или да го намалите внесот на кофеин, нашето тело може да се побуни и да ни се спротивстави со неколку необични симптоми.
Според студија од 2019 година објавена во Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics, околу 90 отсто од возрасните американци пијат кафе.
Утринското кафе, не само што не буди и подготвува за денот, туку и позитивно влијае на милијарди пријателски микроби кои живеат во нашиот систем за варење. Според многу истражувања, едно еспресо може позитивно да влијае врз нашите цревни бактерии, што доведува до подобро општо здравје, па и подолг живот.
Но, доколку имате несакани ефекти од кафето, како што се киселини, анкциозност или несоница, треба да размислите за намалување на количината на кафе која ја внесувате.
Кога се во прашање главоболките, кофеинот е меч со две острици. Не само што консумирањето кофеин е поврзано со чести главоболки, туку и одвикнувањето од истиот е поврзано со главоболки. Како што истакнува Американската фондација за мигрена, кафето понекогаш може да се користи за лечење главоболки, но само со медицински совети и консултации со лекар.
Во зависност од тоа колку е силна навиката за пиење кафе, одвикнувањето може да биде и многу тешко. Дури и луѓето кои пијат по едно кафе дневно може да наидат на проблеми кога ќе се обидат да го откажат.
Препораката на експертите е дека одвикнувањето од коефин треба да биде постепено, за чувството на недостаток во нашето тело да исчезне постепено.
Кога ќе престанеме да пиеме кафе, крвните садови се враќаат во нивната природна големина. Исто така, може да дојде до губење на тежината, особено ако ги исфрлиме газираните пијалоци од секојдневната рутина.
Кофеинот е стимуланс на нашиот дигестивен систем, така што прекинувањето на внесот на кофеин во телото може да доведе до дигестивни проблеми. Експертски совет е да го зголемите внесот на вода и да вклучите храна богата со влакна во вашата исхрана, како што се овошје, зеленчук и јаткасти плодови.
Кога ќе престанеме да внесуваме кофеин во телото, се појавуваат симптоми на анксиозност и блага раздразливост. Експертите наведуваат дека и сонот ќе биде поквалитетен.
Бидејќи кофеинот е стимуланс, можно е да се почувствува мал пад во енергијата во првите денови од одвикнувањето. Може да се појават симптоми на поспаност и намалена активност.