Производителите на далечински управувачи при изработката мислат и на слабовидните лица и лицата со оштетен вид, поради што стана вообичаен стандард во производството на далечински управувачи да се стави мала испакнатина на копчето во вид на точка или цртичка на копчето со бројот 5.
Оваа испакнатина им олеснува на лицата со оштетен вид полесно користење на далечинскиот управувач бидејќи точката им служи како тактилен ориентир, односно со помош на неа можат да одредат каде се наоѓаат другите копчиња на далечинскиот управувач. Таа испакнатина се наоѓа на копчето со бројот 5 и на компјутерските тастатури од истата причина.