Пожар го уништи целиот стадион и клупските простории на фудбалскиот клуб Зрече од Словенија. На теренот во местото Зрече, се подготвуваше и Вардар, каде два пати беше на подготовки.
Тимот на Зрече во моментов е четвртолигаш, а сега немаат повеќе простории. Пожарот избувнал во саботата попладне, и ги изгоре соблекувалните, просториите за опрема и дел од теренот.
Противпожарните екипи брзо излегле на терен, но ветерот им ја отежнувал интервенцијата на пожарникарите.
Вардар првиот пат се подготвуваше на тој терен во 2015 година, a потоа и во 2018 година, каде ги мина летните подготовки.