Почитувани мои, барем од она што може моментално да се види на прогностичките карти и од првичната анализа која ја направив со помош на најажурниот прогностички модел, Европскиот центар за Среднорочна прогноза (ECMWF), тоа е дека првиот силен циклон кој би се развил некаде над Италија и кај нас би условил обилни врнежи од дожд доаѓа по 10-ти септември.
Токму оваа промена на времето, би донела и прв озбилен пад на температурите. Во ваква ситуација во Алпскиот регион би се појавиле и првите озбилни врнежи од снег.
Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, и секако навремено ќе бидете информирани за секоја ново – настаната временска состојба