Автобусите на приватниот превозник „Вестор транс“ утре, без никаков застоја ќе ги реализираат, сите линии како што е договорено со ЈСП и Град Скопје, соопштуваат од оваа компанија за превоз на патници.
-Јавниот превоз организиран од страна на „Вестор транс“ во понеделник продолжува да функционира непречено и согласно со возниот ред. „Вестор транс“ ги почитува и реализира обврските што произлегуваат од законите, одлуките и актите, со кои се уредува превозот на патници и ќе продолжи да го извршува договорот со континуирано и редовно одржување на линиите 9, 11, 11а , 12, 47 и 55 за кои има добиено дозвола за превоз – велат од компанијата.
Сепак, приватните превозници oд други компании, од утре, втори септември одлучија да пуштат само по еден автобус на секоја линија.