На 01.09.2024 во 15.00 часот на ул.”Тодор Циповски Мерџан” во Тетово, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(35) од тетовско Горно Палчиште.
Тој бил баран по потерница врз основа наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот. Тој имал за доиздржување на една година и четири од казната за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, Б.Ј. ќе биде спроведен во КПУ Затвор Идризово.