Хаварисаните возила во скопската населба Аеродром и понатаму си остануваат на своите места и покрај заканите и лепењето налепници од страна на в.д. градоначалникот Дејан Митески пред 3 недели.
Граѓаните кои се сопственици на овие автомобили имаа рок од седум дена да ги тргнат возилата од јавните површини, или пак во спротивно нивните автомобили требаше да бидат отстранети.
Ваквите хаварисани возила ги узурпираат јавните површини во Општина Аеродром и непотребно зафаќаат паркинг места, па ги секојдневните активности на нивните соседи аеродромци. Сопствениците на хаварисаните возила кои не се употребуваат според членот 7 и член 63 од Законот за безбедност во сообраќајот тие се обврзани да ги отстранат своите автомобили.
Фото: „Локално“