Револт и нервоза на автобуските постојки откако проватните превозници денеска ги паркираa авобусите во гаражите. Денеска имаа средба со првиот човек на ЈСП и градската власт. Договориле да им се исплати дел од долгот и денеска се вратија повторно во сообраќај.
Од град Скопје ги демантираа наводите за нефункционирањето на јавниот превоз. Тврдат немаат никаков долг кон приватните превозници.
Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспроти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови тешкотии за граѓаните на градот Скопје. За жал, дел од медиумите наседнаа на наративот на владејачката партија предизвикувајќи чувство на несигурност кај скопјани, пишува во соопштението до јавноста од градот.
А додека превозниците и градот играат топло ладно со нервите на граѓаните, денеска нервоза и стрес на автобуските постојки. Притисокот беше поголем поради стартот на новата учебна година и враќањето на учениците во јавниот превоз. Дел од граѓаните велат задоцниле на работа.
Проблемот со јавниот автобуски превоз се провлекува со месеци. На последната седница на советот на град скопје што се одржа на 29 – ти август не ги одобрија поднесените одлуки од градското раководство за набавка на 250 нови еколошки автобуси и за воведување на БРТ системот, наспроти со 28 гласа „за“, еден воздржан и без ниту еден глас против го донесоа Предлог-развојниот план за јавен превоз на патници на подрајчето на Град Скопје за периодот 2024-2026 година.