Генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати (ETUC) Естер Линч, заедно со својот тим, денеска ќе реализира работна посета на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ).
Како што соопшти ССМ, во рамки на посетата ќе бидат разгледувани актуелните состојби околу одземањето на зградата на ССМ – Работнички дом, барањата на синдикатите до Владата за зголемување на платите во државата, положбата на работниците, работничките права, работничките организации и нивната усогласеност со европското законодавство и меѓународните трудови стандарди, како и положбата на синдикатите во земјава.
По повод посетата на Линч, ССМ најавува и прес – конференција на која ќе се обратат Линч и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.