Бора Ѓорѓевиќ – Чорба почина денеска во болница во Љубљана на 71-годишна возраст, а од него преку социјалните мрежи се простуваат неговите колеги и пријатели.
Пејачот Жељко Самарџиќ на својот инстаграм-профил сподели фотографија од кафуле каде позира со Бора Чорба и со емотивен опис ги растажи своите следбеници.
– Многу тажен ден за сите нас. Остануваме без голем уметник и човек со големо срце. Јас без верен пријател и брат по душа. Засекогаш ќе ми недостигаш драг Боро. Вечна ти слава и благодарност – напиша тој.