Вчера во 11.25 часот на Граничниот премин Долно Блаце, при обид да влезе во државава бил уапсен 32-годишниот К.Б. од Косово.
Имено при проверка на неговиот пасош било евидентирано дека по него има мерка „апси“ по барања на Интерпол Германија. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.