Запрашани што мислат за замрзнувањето на цените на моливите, фломастерите и школскиот прибор, за „Трн.мк“ одговараат дека тоа се шеги за мали деца.
Дел од испитаниците иронично одговараат дека боици и моливите се најпотребни, но и забележуваат на тоа што граѓаните ги замрзнува цените на школскиот прибор, а не на храната, која е многу попотребна за сите, па и за децата.
„Владата треба да се фокусира на тоа што пишува во учебниците и децата да добијат квалитетно образование“ вели една испитаничка на анкетата.
Порталот „Трн.мк“ денес објави дел од анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, која се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.