Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес попладне оствари телефонски разговор со Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспар Велдкамп. Главна тема на разговорот беше евроинтегративниот процес и спроведувањето на клучните реформи.
Фокусот беше на реформите во правосудниот систем, кои се клучни за владеењето на правото и зајакнување на институциите. Министрите Муцунски и Велдкамп нагласија дека успешната реализација на овие реформи е суштинска за постигнување на европските стандарди и напредокот на нашата држава во ЕУ.
Двете страни потврдија дека борбата против корупцијата останува главен приоритет за нашата земја. Тие го истакнаа значењето на овој предизвик за градење доверба и стабилност во регионот.