Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и заменик претседателот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ во рамки на официјалната посета на Белград, Република Србија, денеска остварија работна средба со потпретседателот на Владата и министер за финансии, Синиша Мали.
Зајакнување на економските и трговските врски меѓу двете земји беа фокус во разговорите, при што акцент се стави на унапредување на условите за пристап на пазарите, создавање на подобри услови за компаниите како и можностите за содавање на единствен пазар меѓу земјите од Западен Балкан.
Македонија е целосно фокусирана на олеснување на трговијата и транспортот меѓу земјите од Западен Блакан, потенцираа од македонската делегација притоа нагласувајќи ја потребата од преземање на нови заеднички политики за подобрување на регионалната трговија.
На средбата се разговараше и за иницијативите и мерките во рамки на Отворен Блакан каде и двете страни се согласија дека е потребно да се унапредат политиките со цел ослеснување на движењата на добра и услуги.
Заменик претседателот и министер за транспорт Николоски истакна дека Владата има силна заложба за зацврстување на регионалната економија преку содавање на нова модерна и квалитетна инфраструктура која ќе ја засили конкурентската позиција на транспортните кроидори во регионот.
Тој потенцираше дека Македонија е силно фокусирана на изградба на брза пруга и приклучување на брзата пруга на европскиот коридор 10, како предуслов за брз транспорт на стока и патници меѓу земјите во регионот. Во тој контекст се нагласи потребата од заеднички активности за доизградба на брза пруга на потег Белград-Ниш – Табановце – Скопје.
Економската соработка меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, заклучија и двете страни притоа согласувјаќи се дека и во наредниот период двете влади преку заеднички мерки и политики ќе работат на создавање на подобри услови за граѓаните и компаниите од двете земји.