Денеска во Министерството за економија и труд ќе се доделуваат првите потврди односно ваучери за одмор за работници со ниски примања.
Според најавите, симболичното доделување е закажано за во 12 часот.
“Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе ги додели првите Потврди -ваучери за одмор за работници со ниски приходи кои ги доделува Министерството за економија и труд“, велат од министерството.