Актуелните пожари во велешко, на планините Мукос и Бабуна во Општина Чашка, како и ветрот што непрекинато дува во изминативе три дена, го загадија воздухот во Велес, иако се на 20- тина и повеќе километри од градот. Мерните инструменти на Министерството за животна средина покажуваат високи вредности на ПМ 10 честичките во воздухот, дури и до четири пати повисоки од максимално дозволените 50 мг/м3, соопштија попладнево од Општина Велес.
Појаснуваат дека сите ресурси се вклучени во гаснење на пожарите и дека се прават натчовечки напори да се стават под контрола.
Општина Велес ја следи состојбата и е во постојана координација со Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица.
Од општината апелираат до граѓаните да се воздржат од неаргументирани коментари на социјалните мрежи, а доколку можат да престојуваат во затворени простори и да не излегуваат на отворено без потреба.