Големиот хуманитарец и професионален пожарникар во ТППЕ Штип, Александар Георгиевски доби голем шамар од државата. Ова момче гаснејќи пожар, за време на работен ангажман се онесвести и благодарение на колеги беше извлечен од запален објект, итно префарлен со Брза помош во болница каде беше повратен во живот на интензивна нега. Денес му дошло на адреса опемна за тужба поради долг од 1250 денари во болницата за тој ден. Како што вели, тој при напуштање на болницата уредно прашал колку е должен и дали треба да подмири нешто, му било кажано дека не треба ништо и си заминал.
„Ова го има само во оваа северна вукојебина и никаде на друго место и не можам да сфатам овде јас сум виновникот или тој што не ме информирал дека имам долг кон Клиничка Болница Штип. На 30.07.2024 работно за влакно не го загубив животот работејки си ја својата пожарникарска работа кога беснееја пожарите во Горно Трогерци, Штипско, ми се случи немил настан и бев примен на интезивна нега каде ми е беше пружена помош од околу три часа за што јавно се заблагодарив на целиот медицински пераснал и сам си побарав да бидам пуштен со мој потпис бидејки околу мене имаше тешки пациенти, а јас веќе се чуствував многу подобро и благодарение на медицинаките лица Dalibor Gorgiev и моите колеги тој ден имав среќа да спасам жива глава и да си бидам денес покрај најблиските.
Наредниот ден веднаш се ставив на располагање на ТППЕ Штип на мојата единица нити сакав да земам боледување нити барав било што бев контактиран од Општина Штип чесно достоинствено и на нив им соопштив дека сум добро се јавив и на мојот командир го информирав дека ќе си одам на работа иако сите ми посочуваа и велеа да си седам дома и дека треба да одмарам неколку дена, јас тоа го одбив и си отидов на работа ко ништо да не се случило.
Од кога ме пуштија од болницата прво им се заблагодарив на персоналот за професионалниот однос, на вработените на интезивна, потоа си прашав да не треба да се плати нешто на што ми одговорија: Ацка терај си дома и одмарај си, по што си заминав во придружба на близок член од мојата фамилија и после месец дена ми стига опомена пред тужба за 1.250 денари сум останал дужен на Клиничка Болница Штип без тоа да го знам, не ми е јасно само една работа и не можам да сфатам кој требаше да ме информира дека јас имам долг кон болницата и зошто тоа не ми беше потенцирано од било кој во истата кога ме пуштија тој ден да си одам дома. На менаџментот на Клиничка Болница Штип јавно се обраќам со добра намера не е само опомени пред тужба да праќате луѓе 1250 те денари не се проблемот, проблем е тоа што никој од вас не ме информираше дека јас сум должен кон вас, требаше ли некој да ме информира, еве одговорете ми, ги имавте сите податоци од мене толку ли тешко ќе му беше на некој од вашите служби, вработен, да ме само информира усно телефонски на било кој начин. Јас писмото денес го примив и уште се чудам како еден месец немаше кој да ме информира дека имам долг кон Болницата и коректно ли е опомени пред тужба да ми праќате за нешто за што сте требале вие да ме информирате истиот ден кога сте ме пуштиле од болница. Бидете живи и здрави утре ќе ви се плати долгот а уплатницата јавно ќе ја објавам!“, пишува пожарникарот Георгиевски.