Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани мои, поради прилив на поладен воздух од север, и неговиот судир со многу потоплиот воздух кој се наоѓа над нашата територија, до крајот на денешниот ден, а особено утре (петок) како и за време на викендот во попладневните и во вечерните часњови се очекува поголемо дестабилизирање на атмосферата.
До крајот на денешниот ден ќе има претежно изолиран развој на облачни нестабилни јадра кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.
Веќе утре (петок) како и за време на викендот во попладневните и во вечерните часови на повеќе места се очекува развој на конвективни грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град.
И во делови од Скопската котлина ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења и со услови за појава на град.
Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворењн простор и под осамени дрвја.