Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Утре ќе имаме променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а дневниот максимум ќе достигне 30 степени целзиусови.
Во недела ќе имаме сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Температурите ќе бидат во интервал од минимални 15 до максимални 30 сепени целзиусови.
Во понеделник ќе имаме облачно и малку посвежо време. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 26 степени целзиусови.
Во вечерните часови кон вторник се очекуваат и врнежи од дожд.