Сандра Лазаревска од Скопје на Фејсбук раскажа за напад од улично куче на пешачка патека во скопската населба Карпош.
Како што пишува, таа била на прошетка со своето бебе, а завршила со рани на стомакот.
– Гриз од куче скитник… Булевар 8 септември, среда 04.09…21:15-20
На прошетка со бебето неполни 40 дена, на стаза наменета за пешаци, каде што ПРИТОА нема никакво осветлување.
Гледам слика пред мене од затрчано куче и се запрашувам дали оди накај мене или према нешто друго. Ни 2 ни 3, во секунда се фрла на мене, ме каса по стомак и ме бутка на земја. Паѓам. Како што паѓам, паѓа и количката во која се наоѓа син ми, паѓа од количка СРЕЌА на мека исушена трева, лазам по тревата да го фатам за да не го повреди, го зимам во раце и СРЕЌА некако ништо не му се беше случило. Две девојки позади мене ми ги слушнаа врисоците и се стрчаа да ми помогнат…
И до кога вака со кучињава пуштени како во дивина а во главен град, без никакви сериозни мерки?
Скраја да е! – напиша таа на нејзиниот Фејсбук профил и ги повика надлежните да го решат овој проблем.