Денеска, во 00.10 часот, на граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 31-годишниот Е. З. од Република Турција поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека зелената карта што ја приложил за товарното возило „форд“, со турски национални ознаки, била фалсификувана, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.