СВР Струмица поднесе кривична пријава против правно лице и Ј.К., раководител во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Пријавените, не извршиле замена на неизолираните жици од нисконапонската мрежа во с.Ново Село, по што на 24.07.2024, настанал пожар на сува вегетација, кој се проширил на три куќи и три помошни објекти.