Училишен прибор се купува само со врски: По замзнувањето на цените маркетите во Охрид ги повлекоа производите од рафтовите

Тешко се стигнува до тетратки и училишен прибор во Охрид на самиот почеток на учебната година, откако владата одлучи да ги замрзне цените на овие производи, при што маркетите одлучија да ја бојкотираат ваквата одлука и ги повлекоа сите производи од рафтовите.

Како што велат загрижени граѓани за 24Инфо на рафтовите сега има само боенки, а доколку успеете “под рака” да купите една мала тетратка за истата ќе платите околу 60 денари.

Граѓаните се бесни што маркетите и покрај ваквата одлука сакаат да ја изиграат државата и повторно да заработат на грбот на родителите чии деца ја започнуваат школската година, па мораат некако да се снабдат со училишен материјал.

Во повеќето маркети повеќе не стои ниту цената, а социјалните мрежи се појави и една ваква фотографија:

Со одлуката на Влада се ограничува највисоката трговска т.е. профитна маржа на училишниот прибор, како што се тетратки, ранци, боици, пластелин, подлоги, фломастери, маркери, мрсни боици, акрилни, водени бои и четки, линеари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и училишни додатоци, шестари, дигитрони, компаси, креди, табли, чаши за прибор и држачи и други производи потребни за учениците.

По се изгледа граѓаните треба да фаќаат врски дури и за да купат училишен прибор во земјава!

(Н.Ј.)

Треба да знаете
Последни објави