Вчера во 11:40 часот во СВР Тетово од Итна медицинска помош било пријавено дека бил пронајден починат 68-годишниот П.Ј.Р. од Велика Британија во хотел во Тетово.
Кај починатото лице не се пронајдени знаци на насилство. Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид на лице место и по наредба од ЈО, телото на починатиот е предадено за обдукција.