Денеска (07.09.2024) во 06.40 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Е.З.(19) од село Бучим, радовишко. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдена околу 800 грама марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Е.З. ќе биде поднесена соодветна пријава.