Патот за мавровско Леуново ќе биде блокиран 

Патот кон мавровското село Леуново по повод државниот празник 8 септември во периодот од 09 до 16:30 часот ќе биде блокиран поради одржување на традиционална велосипедска трка на која ќе учествуваат повеќе категории на натпреварувачи известуваат од МВР.

„На овој патен правец во тој период сообраќајот ќе биде целосно блокиран, а за безбедноста на учесниците и гледачите покрај редарите на организаторот, во поголемиот дел ќе се грижат полициски службеници со возилата од Секторот за внатрешни работи-Тетово, кои ќе бидат ангажирани за оваа цел. СВР-Тетово ги повикува учесниците на трката да се придржуваат до знаците и другите уреди поставени од организаторот и возачите – целосно да ја почитуваат забраната во периодот додека трае трката“, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави