Денес во 02.40 часот по полноќ во Велес полициски службеници од СВР Велес го уапсиле 37-годишниот З.С. од село Оморани откако со сила влегол во објект на улица „Коле Дрнков“ во Велес, и одзел пари.
„З.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок“ велат од МВР.