Двајца осуденици утрово ги лиши од слобода полицијата и ги врати во затворските установи на издржување на изречените затворски казни.
Утрово во 06.25 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Ф.(33) од Тетово, кој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување за казна затвор во траење од три години. Л.Ф. е спроведен во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
Подоцна, во 07.45 часот полициски службеници од ПО Жеровјане врз основа на судска наредба во тетовско Милетино го привеле С.Г.(65) од Милетино за издржување на казна затвор.
Тој е спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.