Вчера во 23.00 часот во СВР Скопје, 43-годишен маж од Скопје пријавил дека, неговата малолетна ќерка му кажала дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзината мајка К.П.(43), а негова поранешна сопруга.
Исто така во 23.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Д.Т.(35) од кратовско, по претходна пријава, дека физички ја нападнал својата малолетна ќерка.
По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.