На 07.09.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 13.00 часот во близина на фабрика во Пробиштип, Г.Ѓ.(57) од село Другово, кичевско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.