Љупчо Андоновски ја издаде својата дебитантска книга „Светлина“ во издание на издавачката куќа „Академски печат“.
Андоновски 30 години живее во Венеција, Република Италија и е докажан член на италијанското општество и македонската дијаспора.
Во своето прво книжевно дело Андоновски ја раскажува својата приказна за неговата младсот, за поривот што го натерало да замине во странство, како функционира таму, како и за неговиот општествен ангажман во односите на двете држави, Македонија и Италија.
Автобиографската книга на Андовновски, „Светлина“ ќе може да се најде во книжарницата „Буква“ а повеќе од авторот може да дознаете на линкот подолу.