Контролите на Управата за јавни приходи за даночна усогласеност продолжуваат и во септември кај објектите на отворено.
Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено, односно на манифестациите „Егзит” во Струмица и „Тиквешки гроздобер” во Кавадарци. Од извршените контроли, кај пет даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и не водење книга за дневен финансиски извештај.
Управата за јавни приходи пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони.
Работните средби со исто темпо продолжуваат и понатаму.