Во емисијата „Добриот доктор“ на Сител, универзитетскиот професор д-р Марија Јовановски Срцева се осврна на здравствените последици од употребата на електронските цигари, кои се сè попопуларни меѓу младите. Таа, како специјалист анестезиолог на КАРИЛ и директор на Клиниката ТОАРИЛУЦ, потенцира дека овие производи не се ниту безбедна алтернатива, ниту решение за откажување од пушењето.
Во своето излагање, д-р Срцева ги претстави резултатите од британска студија од 2022 година, според која 40% од непушачите почнале да користат од кога електронските цигари станале достапни. Таа предупреди на ризиците од никотинските производи, посочувајќи дека тие можат да предизвикаат сериозни заболувања, како рак на белите дробови и кардиоваскуларни проблеми.
Иако студиите за електронските цигари се во мал број, некои од нив се фокусирани на последиците по белите дробови, како што е дијагнозата „евали“, откриена во 2022 година, која претставува акутно белодробно заболување. Д-р Срцева ја истакна важноста од преземање мерки и отварање поширока дебата за законски ограничувања со цел заштита на младите.