23-годишна девојка и 50-годишна жена се повредени откако со „опел“ излетале на автопатот А1 Велес – Скопје.
– На 10.09.2024 околу 14.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на делницата од автопатот А1 Велес – Скопје, после наплатна станица Отовица, патничко возило „опел“ со кривопаланачки регистарски ознаки, управувано од Р.М.(51) од Крива Паланка, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.М.(50), додека со телесни повреди другата сопатничка А.М.(23), двете од Крива Паланка, констатирани во Општата болница во Велес, информираа од полицијата во денешниот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Велес.