Синоќа во 19.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(36) од Куманово.
Тој се сомничи дека на 08.08.2024 во Куманово извршил кражба од патничко моторно возило, од каде одзел повеќе предмети. Дел од одземените предмети биле пронајдени, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.