Воениот авион Л-39 денеска се урна во воздухопловната база „Граф Игнатијево“ во Бугарија, при изведување комплексен маневар на екстремно мала надморска височина, пренесува Новините.
Падобраните не се отвориле, а авионот го управувале двајца пилоти.
Како последица на падот на авионот избувнал пожар.
Преземени се сите мерки за локализирање на пожарот и утврдување на причините за трагичната несреќа, изјави Евелина Бранимирова, советник за медиуми на министерот за одбрана.
Претседателот на Бугарија Румен Радев претходно денеска како копилот учествуваше во демонстративен лет на борбен авион Ф-16 во таа воздухопловна база.
Поради падот на авионот, бугарскиот министер за одбрана Атанас Запрјанов го откажа воздушниот состанок во Третата воздухопловна база, соопшти ресорното министерство.