Средна Европа се подготвува за најголемите поплави во последните децении поради минување на ураганот „Борис“ што се очекува претстојниот викенд. Според метеоролозите во Чешка и во Полска, во делови на нивните земји би можеле да наврнат до 400 литри на дожд на квадратен метар во наредните четири дена, а прогнозите за Словачка и за Австрија се околу 200 литри на квадратен метар.
Културните манифестации во сите четири земји се откажани поради најавата на „Борис“. На сила се метеоаларми за јужниот дел на Полска, особено за градовите на реката Одра, како Врослав и Ополе. Бариери против поплави и вреќи со песок се поставуваат во Чешка, каде се очекува дека невремето ќе биде проследено со ветрови до 100 километри на час.
Бројни манифестации за викендот се откажани, меѓу кои фестивалот на винот во Знојмо и римскиот фестивал во Карнунтум во Австрија.